Нов Завет

Дела Ап. 17:31-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

31. Зашто Тој го има одредено денот во кој праведно ќе му суди на целиот свет, преку Човекот што за тоа Го определи и уверливо Го потврди воскреснувајќи Го од мртвите.“

32. Кога слушнаа дека зборува за воскреснување од мртвите, некои луѓе почнаа да му се подбиваат, но други рекоа: „Сакаме повторно да ни зборуваш за ова!“

33. Тогаш Павле си замина оттаму,

34. а неколку души поверуваа и му се придружија. Меѓу нив беа: Дионисиј, член на Ареопагот, една жена по име Дамара и уште неколкумина други.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 17