Нов Завет

Дела Ап. 17:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа Павле и Сила поминаа низ градовите Амфиполис и Аполонија, па пристигнаа во Солун. Таму имаше еврејска синагога.

2. Како што обично правеше, Павле дојде кај нив и три саботи по ред им проповедаше од Светото Писмо,

3. објаснувајќи им и докажувајќи им дека беше неопходно Месијата да настрада и да воскресне од мртвите. Тој им рече: „Исус е Месијата. За Него ви проповедам.“

4. Некои од нив поверуваа и им се приклучија на Павле и Сила, а пристапија и голем број побожни Грци и значителен број жени од високите кругови.

5. Евреите ги фати завист, па собраа од пазариштето неколку денгубници и тргнаа во толпа да го вознемируваат целиот град. Ја нападнаа куќата на Јасон и бараа да им ги изведат Павле и Сила пред толпата.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 17