Нов Завет

Дела Ап. 16:1-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Павле и Сила пристигнаа прво во Дерба, а оттаму и во Листра. Таму имаше еден млад Христов следбеник по име Тимотеј. Неговата мајка веруваше во Господ. Таа беше Еврејка, а татко му беше Грк.

2. Тимотеј уживаше голем углед меѓу верниците во Листра и Иконија.

3. Павле реши да го поведе со себе. Заради Евреите што живееја во тој град, уреди Тимотеј да биде обрежан пред да тргнат на пат, зашто сите знаеја дека неговиот татко беше Грк.

4. Како што одеа од град во град, им ги пренесуваа на христијаните уредбите до кои треба да се придржуваат според решението на апостолите и старешините во Ерусалим.

5. Така црквите стануваа се посилни во верата, а и нивниот број секојдневно се зголемуваше.

6. Тие патуваа низ областите Фригија и Галатија, бидејќи Светиот Дух не им дозволуваше да одат и да проповедаат во областа Азија.

7. Пристигнаа до границите на покраината Мизија и сакаа да се упатат накај покраината Битинија, но Духот на Исус не им дозволи.

8. Минувајќи низ Мизија, слегоа до градот Троада.

9. Во текот на ноќта, Павле имаше видение: еден Македонец, стоеше пред него и го молеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“

10. По тоа негово видение, ние веднаш се упативме накај Македонија, сфаќајќи дека Бог не повикува таму да ја проповедаме Радосната вест.

11. Отпловивме од Троада и се упативме накај островот Самотраки, а следниот ден пристигнавме во пристаништето Неаполис.

12. Оттаму заминавме за Филипи, важен град во покраината Македонија. Тој град беше римска колонија. Таму останавме неколку дена.

13. Во еден саботен ден излеговме од портите на градот покрај една река, каде што претпоставувавме дека им е местото за молитва. Седнавме и позборувавме со неколку жени што беа дојдени на тоа место.

14. Меѓу нив имаше една жена по име Лидија од градот Тијатир. Таа се занимаваше со продавање на скапоцени пурпурни ткаенини. Лидија веруваше во Бог. Додека не слушаше, Господ и го отвори срцето и таа го прифати она што го зборуваше Павле.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 16