Нов Завет

Дела Ап. 15:35-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. Павле и Барнаба останаа во Антиохија, каде што заедно со многу други луѓе поучуваа и ја проповедаа пораката од Господ.

36. По извесно време Павле му рече на Барнаба: „Ајде да се вратиме и повторно да ги посетиме христијаните по сите градови каде што ја проповедавме пораката од Господ, за да видиме како се.“

37. Барнаба се согласи, но предложи да го поведат со себе и Јован, со прекар Марко.

38. Меѓутоа, Павле сметаше дека не треба да водат со себе човек што веќе еднаш ги остави во Памфилија и се повлече од работата.

39. Несогласувањето беше толку остро што тие се разделија. Барнаба го зеде со себе Марко и тие отпловија за Кипар.

40. Павле, пак, го зеде со себе Сила, и заедно тргнаа на пат, откако верните се помолија Господ да им биде благонаклонет.

41. Така тие пропатуваа низ Сирија и Киликија, и по сите цркви ги охрабруваа христијаните.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 15