Нов Завет

Дела Ап. 15:33-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. Поминаа со нив извесно време, а потоа со благослов од христијаните се вратија во Ерусалим кај оние што ги испратија.

34. (Но Сила реши да остане таму.)

35. Павле и Барнаба останаа во Антиохија, каде што заедно со многу други луѓе поучуваа и ја проповедаа пораката од Господ.

36. По извесно време Павле му рече на Барнаба: „Ајде да се вратиме и повторно да ги посетиме христијаните по сите градови каде што ја проповедавме пораката од Господ, за да видиме како се.“

37. Барнаба се согласи, но предложи да го поведат со себе и Јован, со прекар Марко.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 15