Нов Завет

Дела Ап. 15:24-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Слушнавме дека кај вас дошле луѓе одовде и, без да добијат од нас никакви упатства, ви издавале разни заповеди, со што многу ве вознемириле.

25. Затоа, откако постигнавме согласност по ова прашање, избравме луѓе што ќе ги испратиме кај вас, заедно со нашите сакани Барнаба и Павле,

26. луѓе што Му ги посветиле своите животи на нашиот Господ Исус Христос.

27. Ги испраќаме Јуда и Сила, кои и усно ќе ви го објаснат ова што ви го пишуваме.

28. Светиот Дух и ние решивме да не ве оптоваруваме со други бремиња, освен со овие неколку нешта, што се неопходни:

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 15