Нов Завет

Дела Ап. 14:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Народот во градот беше поделен. Едни беа со Евреите - противници, а други со апостолите.

5. Кога работата дојде дотаму, што противниците меѓу Евреите и меѓу другите народи, предводени од своите водачи, решија да ги нападнат и да ги каменуваат,

6. апостолите избегаа кон областа Ликаонија, накај градовите Листра, Дерба и околните села.

7. Таму продолжија да ја проповедаат Радосната вест.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 14