Нов Завет

Дела Ап. 13:47-52 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

47. Самиот Господ вака ни нареди: ,Ве поставувам да им бидете светлина на нееврејските народи, да го однесете спасението до краевите на Земјата!‘“

48. Слушајќи го ова, луѓето од нееврејско потекло се радуваа и Му благодареа на Господ за она што го слушаа. Тогаш сите што беа предодредени за вечен живот, поверуваа.

49. Така пораката Господова се ширеше низ целата област.

50. Тогаш еврејските челници ги подбуцнаа поистакнатите религиозни жени и градските водачи, кои се кренаа против Павле и Барнаба и ги истераа од нивната област.

51. Павле и Барнаба ја истресоа правта од стапалата и отидоа во градот Иконија,

52. а христијаните беа полни со радост и со Светиот Дух.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 13