Нов Завет

Дела Ап. 13:42-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

42. На излегување, луѓето ги молеа и идната сабота да им проповедаат за ова.

43. Кога се разотидоа, многу Евреи и прозелити тргнаа по Павле и Барнаба, кои им зборуваа и ги охрабруваа да Му останат верни на Бог, чија благонаклоност се излеа над нив.

44. Следната сабота речиси целиот град се собра да ја слуша пораката Господова.

45. Кога еврејските челници видоа колку многу народ се насобра, се исполнија со завист. Почнаа да го навредуваат Павле и да му се противат на се што ќе речеше.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 13