Нов Завет

Дела Ап. 13:14-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Барнаба и Павле заминаа од Перга и дојдоа во Антиохија, град во областа Писидија.

15. Откако заврши вообичаеното читање од Мојсеевите книги и од Книгите на пророците, водачите на синагогата ги поканија: „Браќа, ако имате некаква порака за народот, излезете и зборувајте!“

16. Тогаш Павле стана, ја подигна раката за да престанат да зборуваат, па рече: “Луѓе, Израелци и сите вие што имате страхопочит спрема Бог, слушнете!

17. Израелскиот Бог ги одбра нашите предци и го издигна нашиот народ во времето кога беше во Египет, и победоносно го изведе оттаму.

18. Речиси четириесет години се грижеше за нив во пустината.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 13