Нов Завет

Дела Ап. 11:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Апостолите и другите христијани во Јудеја разбраа дека и неевреите ја прифатиле Божјата порака.

2. Кога Петар се врати горе, во Ерусалим, некои од Евреите - христијани почнаа да му приговараат,

3. велејќи му: „Си влегол во куќа полна со необрезани луѓе и си јадел со нив!“

4. Тогаш Петар почна да им објаснува што се случи, и им рече:

5. „Бев во градот Јопа. Додека се молев, паднав во занес и имав видение: нешто како големо ленено платно врзано за ќошињата се спушти од небото и дојде до мене.

6. Погледнав во платното и видов разни видови четириножни животни, ѕверови, влечуги и птици.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 11