Нов Завет

Дела Ап. 10:30-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. Корнелиј му одговори: „Пред четири дена, во три часот попладне, се молев во својата куќа, кога одненадеж пред мене застана еден човек во блескава облека,

31. и ми рече: ,Корнелиј, Бог ги услиши твоите молитви и си спомна за твојата дарежливост спрема сиромашните.

32. Испрати гласници во Јопа да го повикаат човекот што го викаат Петар, кој престојува во куќата на кожарот Симон, близу до морскиот брег!‘

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 10