Нов Завет

Дела Ап. 10:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Потоа Петар ги покани да влезат и ги прими како гости. Утредента, замина со нив, во придружба на неколку христијани од Јопа.

24. Следниот ден стигнаа во Цезареја. Таму го чекаше Корнелиј, кој ги беше викнал своите роднини и блиски пријатели.

25. Кога Петар влегуваше, Корнелиј клекна пред него, искажувајќи му така длабока почит.

26. Петар го крена и му рече: „Стани! И јас сум само човек, како што си и ти.“

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 10