Нов Завет

Дела Ап. 10:20-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Стани и појди со нив, без да се двоумиш, зашто Јас ги испратив.“

21. Петар слезе кај луѓето и им рече: „Јас сум човекот што го барате. За што сте дојдени?“

22. Тие му одговорија: „Не испрати офицерот Корнелиј. Тој е праведен човек и има страхопочит спрема Бог. За него сите Евреи имаат добро мислење. Тој доби наредба од светиот ангел да те повика во својот дом и да слушне од тебе што имаш да му кажеш.“

23. Потоа Петар ги покани да влезат и ги прими како гости. Утредента, замина со нив, во придружба на неколку христијани од Јопа.

24. Следниот ден стигнаа во Цезареја. Таму го чекаше Корнелиј, кој ги беше викнал своите роднини и блиски пријатели.

25. Кога Петар влегуваше, Корнелиј клекна пред него, искажувајќи му така длабока почит.

26. Петар го крена и му рече: „Стани! И јас сум само човек, како што си и ти.“

27. Корнелиј стана, а Петар почна да му зборува. Кога влегоа внатре, Петар виде голем број собрани луѓе.

28. Тогаш Петар им рече: „Вие знаете дека е спротивно на еврејските закони да се дружам со неевреи и да доаѓам кај нив. Но Бог ми покажа дека никого не треба да го сметам за гнасен и нечист.

29. Затоа, без да се противам, се одѕвав на вашата покана. А сега да ве прашам: Зошто ме повикавте?“

30. Корнелиј му одговори: „Пред четири дена, во три часот попладне, се молев во својата куќа, кога одненадеж пред мене застана еден човек во блескава облека,

31. и ми рече: ,Корнелиј, Бог ги услиши твоите молитви и си спомна за твојата дарежливост спрема сиромашните.

32. Испрати гласници во Јопа да го повикаат човекот што го викаат Петар, кој престојува во куќата на кожарот Симон, близу до морскиот брег!‘

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 10