Нов Завет

2 Тимотеј 4:18-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Да, Господ ќе ме чува од секакво зло и безбедно ќе ме доведе во Своето небесно царство. Слава нека Му е за вечни времиња! Амин!

19. Поздрави ги Приска и Акила, како и семејството на Онисифор.

20. Ераст остана во Коринт, а Трофим беше болен и остана во Милет.

21. Потруди се да дојдеш пред зимата. Те поздравуваат Евбул, Пуденс, Линус, Клаудија и сите други христијани.

22. Господ нека биде духовно со тебе и спрема сите вас нека биде благонаклонет.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 4