Нов Завет

2 Тимотеј 4:14-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Ковачот Александар ми нанесе многу зло, но Господ ќе му плати за неговите постапки.

15. Чувај се од него! Многу се противи на она што го проповедаме.

16. Кога првпат ме изведоа на суд, никој не дојде да ми биде поткрепа. Сите ме напуштија. Од мене, простено нека им е.

17. Сепак, Господ беше со мене. Ми даде сила да ја проповедам Неговата порака во целата нејзина полнота, па сите народи што не Го познаваат Бог да можат да ја слушнат. Господ ме спаси од сигурната смрт што ме чекаше, ако ме фрлеа кај лавовите.

18. Да, Господ ќе ме чува од секакво зло и безбедно ќе ме доведе во Своето небесно царство. Слава нека Му е за вечни времиња! Амин!

19. Поздрави ги Приска и Акила, како и семејството на Онисифор.

20. Ераст остана во Коринт, а Трофим беше болен и остана во Милет.

21. Потруди се да дојдеш пред зимата. Те поздравуваат Евбул, Пуденс, Линус, Клаудија и сите други христијани.

22. Господ нека биде духовно со тебе и спрема сите вас нека биде благонаклонет.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 4