Нов Завет

2 Тимотеј 4:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Кога ќе дојдеш, донеси ми го и палтото што го оставив во Троада, кај Карп. Донеси ми ги и книгите, а особено пергаментните свитоци.

14. Ковачот Александар ми нанесе многу зло, но Господ ќе му плати за неговите постапки.

15. Чувај се од него! Многу се противи на она што го проповедаме.

16. Кога првпат ме изведоа на суд, никој не дојде да ми биде поткрепа. Сите ме напуштија. Од мене, простено нека им е.

17. Сепак, Господ беше со мене. Ми даде сила да ја проповедам Неговата порака во целата нејзина полнота, па сите народи што не Го познаваат Бог да можат да ја слушнат. Господ ме спаси од сигурната смрт што ме чекаше, ако ме фрлеа кај лавовите.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 4