Нов Завет

2 Тимотеј 1:4-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Се сеќавам како пророни солзи при нашата разделба и копнеам пак да те видам, за повторно да се исполнам со радост.

5. Знам дека имаш искрена вера. Така поверува прво баба ти Лоида, потоа мајка ти Евника, а убеден сум дека и ти веруваш во Господ исто толку искрено.

6. Затоа те потсетувам да го разгоруваш во себе Божјиот дар што го доби кога положив раце врз тебе.

7. Божјиот Дух не создаде од нас плашливци. Напротив, ни даде сила, љубов и самодисциплина.

8. Затоа, немој да се срамиш да им зборуваш на луѓето за нашиот Господ. Немој да се срамиш ни од мене, сега кога сум в затвор поради тоа што проповедам за Господ. Искористи ја силата што ти ја дава Бог и придружи ми се во ширењето на Радосната вест, дури и ако треба заради тоа да поминеш низ страдања.

9. Бог не спаси и не одбра да живееме свет живот, не поради тоа што ние со нашите постапки тоа го заслужуваме, туку затоа што тоа беше Негов план уште пред почетокот на времето - да ни ја искаже Својата благонаклоност преку Исус Христос.

10. Сега, со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, тоа ни стана јасно. Од една страна, Тој ја порази смртта, а од друга страна, преку Радосната вест, ни го покажа патот кон вечниот живот.

11. Бог ме постави за проповедник, апостол и учител на Радосната вест.

12. Тоа е причината поради која сега страдам в затвор. Но не се срамам! Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил, се до Оној Ден.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 1