Нов Завет

2 Солунјаните 3:9-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Не дека ние не можевме да бараме храна од вас, туку сакавме вам да ви дадеме пример.

10. Уште кога бевме кај вас ви рековме: на оној што не сака да работи, не давајте му ни да јаде!

11. Слушаме дека некои меѓу вас денгубат, ништо не работат и само се плеткаат во тоа што не е нивна работа.

12. Заради нашиот Господ Исус Христос ги молиме тие луѓе и бараме од нив да се средат и да почнат да работат, та сами да се издржуваат.

13. А вам, драги пријатели, што не сте во таа група, никогаш нека не ви биде мачно да правите добри дела.

Прочитајте целосна глава 2 Солунјаните 3