Нов Завет

2 Солунјаните 3:4-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Господ ни дава увереност дека она што ви го наложивме го правите и ќе продолжите да го правите.

5. Се молам Господ да ви ги насочува срцата кон исполнување со љубов, онака како што Бог е полн со љубов, и кон трпеливост, онака како што Христос е трпелив.

6. Сега, драги пријатели христијани, во името на нашиот Господ Исус Христос, ви наложувам да не им се придружувате на оние меѓу вас, кои само денгубат, ништо не работат и не се придржуваат до она што ве учевме.

7. Вие сигурно знаете дека треба да го следите нашиот пример. Додека бевме кај вас, ние не седевме со скрстени раце.

8. Лебот што го јадевме не беше подарок од вас, туку деноноќно напорно работевме, за да не му бидеме никому на товар.

9. Не дека ние не можевме да бараме храна од вас, туку сакавме вам да ви дадеме пример.

10. Уште кога бевме кај вас ви рековме: на оној што не сака да работи, не давајте му ни да јаде!

11. Слушаме дека некои меѓу вас денгубат, ништо не работат и само се плеткаат во тоа што не е нивна работа.

Прочитајте целосна глава 2 Солунјаните 3