Нов Завет

2 Солунјаните 2:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Зарем не се сеќавате дека ви го зборував ова додека бев кај вас?

6. Вие знаете што е тоа што го спречува Злиот да се појави, се додека не дојде времето тој да настапи во јавноста.

7. Неговата зла сила веќе подмолно дејствува, но има некој што го задржува и така ќе биде се додека тој не му се тргне од патот.

8. Тогаш Човекот на гревот ќе се појави, а Господ Исус со Својот здив ќе го убие, ќе го уништи при Своето повторно доаѓање.

9. Тој зол човек ќе дојде за да ги изврши делата на Сатаната: со сета своја сила ќе покаже лажни чудотворни знаци.

Прочитајте целосна глава 2 Солунјаните 2