Нов Завет

2 Петар 3:12-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. да го чекате и што поскоро да го посакувате доаѓањето на тој Божји ден. Тогаш небесата ќе бидат запалени и уништени, а елементарните состојки од жештина ќе се растопат.

13. Но за нас Бог вети ново небо и нова Земја, каде што ќе владее праведност. Ова со нетрпение го очекуваме!

14. Очекувајќи го ова, пријатели мои, потрудете се Христос да ве затекне чисти, без пороци и помирени со Бог.

15. Ценете ја трпеливоста на нашиот Господ, бидејќи таа дава можност што повеќе луѓе да се спасат. За тоа ви пиша и нашиот сакан брат Павле, воден од мудроста што Бог му ја дал.

16. Тој за ова пишува во сите свои писма. Во тие писма има и работи што се тешки за разбирање, па некои неуки и неутврдени луѓе ги извртуваат, како што извртуваат и други делови од Светото Писмо. Така самите ќе се уништат.

17. Но вие, драги мои, навреме сте предупредени. Чувајте се да не застраните, да не бидете заведени од овие зли луѓе и да ја загубите сигурната позиција на која се наоѓате.

18. Трудете се да придобиете се поголема благонаклоност од нашиот Господ и Спасител Исус Христос и се подобро да Го запознавате.

Прочитајте целосна глава 2 Петар 3