Нов Завет

2 Петар 1:2-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Ви посакувам се подобро да го запознавате Исуса, нашиот Бог и Господ, а преку тоа Бог да ви биде се поблагонаклонет и во изобилие да ви дава мир.

3. Запознавајќи го Христос, Неговата божествена сила ни подарува се што ни е потребно за да живееме побожен живот. Тој не повика да ги примиме Неговата слава и добрина.

4. Бог ни даде големи и скапоцени ветувања преку кои и вие можете да добиете божествена природа. Со неа ќе можете да им се противставите на вашите грешни страсти и да го избегнете погубното влијание на овој свет.

5. Затоа со сите сили потрудете се да ја унапредите својата вера. Додајте и добрина, на добрината додајте и знаење,

6. на знаењето додајте му самоконтрола, на самоконтролата додајте и трпеливост, на трпеливоста додајте и побожност,

7. на побожноста додајте и љубов спрема сите христијани, а кон сето тоа додајте несебична љубов спрема секого.

8. Ако ги имате ваквите доблести во изобилие, ќе покажете дека вашето познавање на нашиот Господ Исус Христос ве има направено корисни и плодоносни.

9. Кој ги нема овие доблести, тој е слеп, или кратковид, и заборавил дека Бог го исчисти од неговите стари гревови.

Прочитајте целосна глава 2 Петар 1