Нов Завет

2 Петар 1:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние што ја имаат истата скапоцена вера што ја имаме и ние, вера што ни беше дадена преку праведноста на Исус Христос, нашиот Бог и Спасител.

2. Ви посакувам се подобро да го запознавате Исуса, нашиот Бог и Господ, а преку тоа Бог да ви биде се поблагонаклонет и во изобилие да ви дава мир.

3. Запознавајќи го Христос, Неговата божествена сила ни подарува се што ни е потребно за да живееме побожен живот. Тој не повика да ги примиме Неговата слава и добрина.

Прочитајте целосна глава 2 Петар 1