Нов Завет

2 Коринтјаните 9:3-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Затоа сега бидете подготвени, зашто ги испраќам браќата кај вас; да не испадне дека напразно сме ве фалеле!

4. Можеби ќе дојдат со мене и неколку Македонци. Ако видат дека вие не сте подготвени, јас би се засрамил, затоа што изразив голема доверба спрема вас. Вие уште повеќе би се засрамиле.

5. Значи сметав дека е неопходно да ги замолам браќата да дојдат кај вас пред јас да дојдам, и да ги соберат прилозите што вие уште отпорано ги ветивте. Така тоа нема да биде изнуден прилог, туку великодушен подарок од вас.

6. Едно сакам да ви припомнам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; кој штедро сее, штедро и ќе жнее!

7. Секој нека даде онолку колку што самиот ќе реши, без да му биде жал или сосила да се принудува. Бог ги сака оние што даваат со радост.

8. А Бог може толку изобилно да ве благослови, така што секогаш ќе имате доволно од се што ви треба, па од изобилието ќе можете да правите разновидни добри дела.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 9