Нов Завет

2 Коринтјаните 9:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Излишно е да ви пишувам дека треба да собираме помош за христијаните во Ерусалим.

2. Знам дека вие сте готови да помогнете. Со гордост им зборував на христијаните во Македонија дека вие, христијаните од Ахаја, уште од лани бевте подготвени да дадете доброволни прилози. Токму вашата ревност ги поттикна и нив.

3. Затоа сега бидете подготвени, зашто ги испраќам браќата кај вас; да не испадне дека напразно сме ве фалеле!

4. Можеби ќе дојдат со мене и неколку Македонци. Ако видат дека вие не сте подготвени, јас би се засрамил, затоа што изразив голема доверба спрема вас. Вие уште повеќе би се засрамиле.

5. Значи сметав дека е неопходно да ги замолам браќата да дојдат кај вас пред јас да дојдам, и да ги соберат прилозите што вие уште отпорано ги ветивте. Така тоа нема да биде изнуден прилог, туку великодушен подарок од вас.

6. Едно сакам да ви припомнам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; кој штедро сее, штедро и ќе жнее!

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 9