Нов Завет

2 Коринтјаните 8:19-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Освен тоа, тој е одбран од црквите да патува со нас кога ќе ги носиме доброволните прилози во Ерусалим. Тоа дело е за слава на Господ и ја покажува нашата готовност да помогнеме.

20. Ќе патуваме заедно, за да не му дадеме никому повод да не озборува дека сомнително располагаме со овие вредни дарови,

21. зашто сакаме да бидеме чесни не само пред Господ, туку и пред луѓето.

22. Со нив ви испраќаме и еден наш брат чија искреност повеќепати сме ја провериле во многу работи. Тој сега уште повеќе сака да помогне, зашто има голема доверба во вас.

23. Ако некој се распрашува за Тит, кажете му дека тој е мој другар и соработник во мојата служба меѓу вас. Што се однесува до браќата што ќе го придружуваат, тие се претставници на црквите. Тие се прекрасен пример како треба да се работи за слава на Христос.

24. Покажете љубов спрема нив, за да видат црквите дека ние со право се гордееме со вас.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 8