Нов Завет

2 Коринтјаните 8:13-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Не велам давајќи за другите, вие да западнете во невола, туку повикувам на еднаквост.

14. Сега, кога вие имате во изобилие, треба да им помогнете на оние што се во немаштија, па кога тие ќе имаат во изобилие, а вие ќе бидете во скудност, тие вам да ви помогнат, па така да постои еднаквост меѓу нас.

15. Сетете се што пишува во Светото Писмо: „На оној што собра многу ништо не му преостана, а на оној што собра малку, сепак, му достаса.“

16. Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас.

17. Тој, не само што ја прифати нашата молба да дојде кај вас, туку одвај чекаше што побрзо да тргне на пат!

18. Со него ви испраќаме уште еден наш брат кој е проповедник на Радосната вест, и ужива голема почит меѓу сите цркви.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 8