Нов Завет

2 Коринтјаните 7:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Драги пријатели, сега кога ги знаеме сите овие ветувања, да се исчистиме од се што може да ги оскверни нашето тело или дух. Да се трудиме, од страхопочит спрема Бог, да стануваме телесно и духовно се почисти, до совршенство.

2. Направете повеќе место за нас во вашите срца! Ние никого не сме онеправдале, никого не сме завеле, никого не сме измамиле и искористиле.

3. Не го велам ова за да ве обвинувам. Вие сте ни толку прираснати за срце што сме готови со вас да го делиме и животот и смртта.

4. Имам голема доверба во вас. Се гордеам со вас и навистина сте големо охрабрување за мене. И покрај сите наши тешкотии, мојата радост не знае за граници.

5. Откако дојдовме во Македонија, немаме мир. Се соочуваме со неволи од сите страни: однадвор напади, однатре стравови.

6. Но Бог, Кој ги охрабрува потиштените, со доаѓањето на Тит ни ја врати храброста.

7. Охрабрување за нас беше не само неговото доаѓање, туку и тоа што тој ни го пренесе за вас: како вие него сте го охрабриле, колку сте биле желни да ме видите, колку тагувате и колку ревносно сте приврзани за мене. Тоа уште повеќе ме зарадува.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 7