Нов Завет

2 Коринтјаните 6:15-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Може ли да има слога меѓу Христос и Ѓаволот? Каква заедница може да има еден христијанин со безверник?

16. Треба ли во Божјиот храм да ставате и идоли? Ние сме храмови на Живиот Бог. Како што Самиот Тој вели за Своите следбеници: „Ќе живеам во нив, ќе се движам меѓу нив; Јас ќе бидам нивни Бог, а тие Мој народ.“

17. „,Затоа, напуштете ги оние што не Му припаѓаат на Бог, одвојте се од нив,‘ - вели Господ. ,Не мешајте се со она што е нечисто и Јас ќе ве прифатам.‘“

18. „,Ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки,‘ - вели Семоќниот Господ.“

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 6