Нов Завет

2 Коринтјаните 3:9-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Ако Стариот завет што доведе до осуда на сите луѓе беше толку величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде Новиот завет што ни овозможува да се стекнеме со праведност пред Бог!

10. Токму поради тоа што новото е далеку повеличествено, старото го загуби својот сјај!

11. Ако Стариот завет, кој веќе е надминат, беше величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде Новиот завет, чија слава ќе трае вечно!?

12. Токму поради тоа што имаме таква прекрасна надеж, можеме толку смело да настапуваме.

13. Ние не сме како Мојсеј, кој ставаше превез врз лицето, за да не забележат луѓето дека сјајот на неговото лице бледнее и исчезнува.

14. Но умовите им закоравеа, па и ден-денес, кога го читаат Стариот завет, превез им ги покрива умовите и тие не можат да ја согледаат вистината. Тој превез се отстранува само кога човек ќе поверува во Христос.

15. Да, дури и денес, кога ги читаат Мојсеевите книги, превез им ги покрива срцата и тие не разбираат.

16. Но кога човек ќе се сврти кон Господ, превезот се отстранува.

17. Господ е во единство со Духот и каде што е присутен Господовиот Дух, Тој донесува слобода.

18. Сите ние, пред чии лица нема превез, сме одраз на славата Господова, како во огледало. Со помош на Господовиот Дух доживуваме преобразба и стануваме се послични на нашиот славен Господ.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 3