Нов Завет

2 Коринтјаните 3:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Можеби ова ви звучи како самите да се препорачуваме? Дали нам ни се потребни, како што им се потребни на некои, писмени препораки за да проповедаме кај вас, или пак препораки од вас?

2. Вие сте нашата препорака, запишана во нашите срца, која сите луѓе можат да ја видат и прочитаат.

3. Очигледно е дека вие сте препораката што ја имаме, која преку нашиот труд е напишана од Христос, не со мастило, туку со Духот на Живиот Бог; не врз камени плочи, туку врз човечки срца.

4. Уверени сме во ова затоа што, преку Христос, имаме доверба во Бог.

5. Нема ништо во нас што би ни дало за право да тврдиме дека сме способни да направиме нешто од трајна вредност. Нашата способност доаѓа од Бог.

6. Тој не оспособи да го претставуваме Неговиот Нов завет. Тоа не е Завет од пишани закони, туку од Светиот Дух. Стариот начин, преку пишаниот закон, води кон смрт, а новиот начин, преку Светиот Дух, дава живот.

7. Мојсеевиот Закон беше врежан само на камени плочи, па сепак беше даден со таков блесок што луѓето не можеа да гледаат во лицето на Мојсеј, иако сјајот што тој го имаше полека бледнееше. Ако тој Закон што води во смрт беше даден на така величествен начин,

8. колку повеличествено ќе биде дејствувањето на Светиот Дух!?

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 3