Нов Завет

2 Коринтјаните 3:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Можеби ова ви звучи како самите да се препорачуваме? Дали нам ни се потребни, како што им се потребни на некои, писмени препораки за да проповедаме кај вас, или пак препораки од вас?

2. Вие сте нашата препорака, запишана во нашите срца, која сите луѓе можат да ја видат и прочитаат.

3. Очигледно е дека вие сте препораката што ја имаме, која преку нашиот труд е напишана од Христос, не со мастило, туку со Духот на Живиот Бог; не врз камени плочи, туку врз човечки срца.

4. Уверени сме во ова затоа што, преку Христос, имаме доверба во Бог.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 3