Нов Завет

2 Коринтјаните 2:3-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Затоа така ви напишав во моето претходно писмо, та кога ќе дојдам да не ме нажалат оние кои одвај чекам да ме зарадуваат. Уверен сум дека знаете оти кога сте среќни вие, среќен сум и јас.

4. Колку тешко ми беше да ви го напишам претходното писмо! Ви пишував длабоко нажален, со болка во срцето и со солзи во очите. Не сакав да ве повредам. Сакав само да сфатите колку е голема мојата љубов спрема вас.

5. Не претерувам ако речам дека човекот што ја направи целава оваа невола повеќе ве нажали сите вас, отколку мене.

6. Но повеќето од вас се усогласивте по ова прашање и казната што му ја изрековте е доволна.

7. Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне.

8. Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека се уште го сакате!

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 2