Нов Завет

2 Коринтјаните 11:27-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.

28. И покрај се што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви.

29. Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него? Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?

30. Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ.

31. Бог, Таткото на Господ Исус, Кому Му припаѓа вечна слава, знае дека не лажам.

32. Кога бев во Дамаск, управникот на царот Арета постави стража до градските порти за да ме уапси.

33. Луѓето ме префрлија преку ѕидините во кош, преку еден прозорец, и така му побегнав.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 11