Нов Завет

2 Коринтјаните 11:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Се надевам дека ќе ме истрпите, дури и ако не зборувам мошне мудро. Ве молам, истрпете ме!

2. Љубоморен сум на вас, онака како што е љубоморен и Бог! Ве ?свршив‘ за еден Свршеник, за Христос, за да ве доведам кај Него чисти како девица,

3. но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева.

4. Ние ви проповедаме за Исус, и вие го примивте Светиот Дух и ја прифативте Радосната вест. Но сега дозволувате да ви проповедаат за некаков друг Исус, за примање на некаков друг дух и за прифаќање на некаква друга порака!

5. Јас не се сметам за помалку вреден од тие ?супер апостоли‘.

6. Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното. Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите.

7. Згрешив ли што бесплатно ви ја проповедав Радосната вест, понижувајќи се себеси за вас да ве издигнам?

8. Додека работев кај вас, добивав издршка од другите цркви. Живеев на нивни товар, за да ви служам вам.

9. Никого од вас не обременував кога запаѓав во скудност. За моите потреби се погрижија браќата од Македонија. Внимавав, а и понатаму ќе внимавам, никому од вам да не му бидам на товар.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 11