Нов Завет

2 Коринтјаните 10:3-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Ние сме од крв и месо, ама не војуваме со телесни, световни методи.

4. Не сме вооружени со човечки оружја, туку со моќните Божји оружја. Со нив ги уриваме сатанските упоришта

5. и ги соборуваме сите зли мудрувања и се друго што ги попречува луѓето да Го запознаат Бога. Ја поразуваме секоја бунтовна човечка мисла и ја учиме да Му биде послушна на Христос.

6. Ние сме готови да ги казниме оние што не се послушни во се, но дури откако вие ќе покажете дека сте целосно послушни.

7. Многу површно гледате на работите! Треба да ви биде јасно дека и ние Му припаѓаме на Христос исто толку колку што за себе го тврдат тоа оние што гордо изјавуваат дека се Христови!

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 10