Нов Завет

2 Коринтјаните 10:13-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. А ние не сакаме да се фалиме без мера, туку исклучиво според мерката што ни ја даде Бог, а таа мерка е да допреме до сите луѓе, па и до вас.

14. Ние не го протегаме своето дејствување на места кои не сме ги досегнале; всушност, ние први стигнавме до вас, проповедајќи ви ја Радосната вест од Христос.

15. Така, ние не се фалиме со плодови околу кои други се труделе, туку се надеваме дека вашата вера ќе зајакне, па да можеме и да ја прошириме својата работа во вашиот крај,

16. а потоа да ја проповедаме Радосната вест и на други места, подалеку од вас, каде што никој претходно не проповедал. Така нема да може да ни се приговори дека се фалиме со резултати што некој друг ги постигнал.

17. Но, Светото Писмо вели: „Ако некој се фали, нека се фали со она што Господ го прави!“

18. Зашто кога некој сам себеси се фали, тоа не е вистинска препорака. А кога Господ некого ќе пофали, таквиот навистина е достоен.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 10