Нов Завет

2 Коринтјаните 1:20-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Сите Божји ветувања се исполнети во Него. Затоа, кога на Бог Му оддаваме слава преку Исус велиме „Амин“.

21. Бог е Тој што и вам и нам ни дава сили да стоиме цврсто на страната на Христос. Тој не одбра,

22. го стави Својот печат врз нас и Го всели во нашите срца Својот Дух како потврда дека сме Негови.

23. Бог ми е сведок дека причината за моето недоаѓање во Коринт беше со цел да ве поштедам од укорување.

24. Ние не сме ви господари што ќе ви кажуваат како треба, а како не треба да верувате. Сакаме само да соработуваме со вас, за да бидете исполнети со радост, зашто вие во верата сте непоколебливи.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 1