Нов Завет

1 Тимотеј 4:11-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето.

12. Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани.

13. Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото Писмо во црквата, на проповедање и поучување.

14. Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 4