Нов Завет

1 Тимотеј 4:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења.

2. Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена.

3. Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат.

4. Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 4