Нов Завет

1 Тимотеј 3:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Треба да биде добар домаќин, а неговите деца треба да го слушаат и да го почитуваат.

5. Ако тој не умее да го води сопственото домаќинство, како тогаш ќе се грижи за Божјата црква!?

6. Тој не смее да биде новообратен, за да не стане горделив и да ја направи истата грешка што ја направи и Ѓаволот.

7. Тој треба да ужива добар углед и кај луѓето што не и припаѓаат на црквата. Во спротивно, тој може да падне во стапицата на Ѓаволот и да се посрамоти.

8. Истото важи и за ѓаконите во црквата. Тие мора да бидат сериозни и чесни луѓе, да не лажат, да не се опиваат и да не бидат алчни за пари.

9. Мора да имаат чиста совест и цврсто да се држат до начелата на христијанската вера кои сега ни се откриени.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 3