Нов Завет

1 Тимотеј 3:3-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Не смее да се опива, ниту да врши насилства. Треба да биде трпелив, да не е склон кон расправии и да не биде алчен за пари.

4. Треба да биде добар домаќин, а неговите деца треба да го слушаат и да го почитуваат.

5. Ако тој не умее да го води сопственото домаќинство, како тогаш ќе се грижи за Божјата црква!?

6. Тој не смее да биде новообратен, за да не стане горделив и да ја направи истата грешка што ја направи и Ѓаволот.

7. Тој треба да ужива добар углед и кај луѓето што не и припаѓаат на црквата. Во спротивно, тој може да падне во стапицата на Ѓаволот и да се посрамоти.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 3