Нов Завет

1 Тимотеј 3:15-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. за, ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.

16. Без сомнение, тајната на вистинската вера во Бог е величествена: Христос дојде во човечко тело. Светиот Дух потврди дека Тој ја исполни Божјата волја. Ангелите Го видоа. За Него им беше проповедано на народите. Луѓето поверуваа во Него. Тој славно се вознесе на небото.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 3