Нов Завет

1 Тимотеј 3:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Точно е дека кога некој сака да биде водач на црква, посакува многу возвишена работа.

2. Затоа, за да биде човек водач на црква мора да биде без пороци, да и биде верен на својата сопруга, да биде воздржан, разумен, со добар углед, гостољубив и способен да поучува.

3. Не смее да се опива, ниту да врши насилства. Треба да биде трпелив, да не е склон кон расправии и да не биде алчен за пари.

4. Треба да биде добар домаќин, а неговите деца треба да го слушаат и да го почитуваат.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 3