9. Бог не не одбра за да не казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос,
10. Кој умре за нас, за да Му се придружиме и вечно да живееме со Него, без оглед на тоа дали кога Тој ќе се врати ќе бидеме живи, или починати.
11. Затоа, продолжете да се охрабрувате и да се изградувате еден со друг.
12. Драги христијани по црквите, ве молиме да им оддавате признание на оние што вредно работат меѓу вас, што ве водат во Господовото дело и ве поучуваат;
13. искрено да ги почитувате и да ги сакате заради тоа што го работат. Ве молиме да не се карате.
14. Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите.
15. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе.
16. Бидете секогаш радосни,
17. постојано молете се.
18. Што и да ви се случува прифаќајте го со благодарност, зашто така вие што Му припаѓате на Исус Христос ја исполнувате Божјата волја.