Нов Завет

1 Солунјаните 5:21-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Проверувајте се што се проповеда и држете се до тоа што е добро.

22. Држете се настрана од се што е зло.

23. Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.

24. На Оној што ве одбра можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа.

25. Драги пријатели христијани, молете се и за нас.

26. Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж.

27. Ве задолжувам, во името на Господ, да го прочитате ова писмо пред сите христијани.

28. Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет.

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 5