Нов Завет

1 Солунјаните 5:20-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Немојте да ги занемарувате пророштвата.

21. Проверувајте се што се проповеда и држете се до тоа што е добро.

22. Држете се настрана од се што е зло.

23. Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.

24. На Оној што ве одбра можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа.

25. Драги пријатели христијани, молете се и за нас.

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 5