Нов Завет

1 Солунјаните 5:15-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе.

16. Бидете секогаш радосни,

17. постојано молете се.

18. Што и да ви се случува прифаќајте го со благодарност, зашто така вие што Му припаѓате на Исус Христос ја исполнувате Божјата волја.

19. Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух.

20. Немојте да ги занемарувате пророштвата.

21. Проверувајте се што се проповеда и држете се до тоа што е добро.

22. Држете се настрана од се што е зло.

23. Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.

24. На Оној што ве одбра можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа.

25. Драги пријатели христијани, молете се и за нас.

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 5