Нов Завет

1 Солунјаните 5:14-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите.

15. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе.

16. Бидете секогаш радосни,

17. постојано молете се.

18. Што и да ви се случува прифаќајте го со благодарност, зашто така вие што Му припаѓате на Исус Христос ја исполнувате Божјата волја.

19. Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух.

20. Немојте да ги занемарувате пророштвата.

21. Проверувајте се што се проповеда и држете се до тоа што е добро.

22. Држете се настрана од се што е зло.

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 5